Background

Новоизбраниот американски претседател треба да положи заклетва

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп и претседателот Џо Бајден сега се во американскиот Капитол на инаугурацијата откако заедно се возеле во лимузина од Белата куќа. Трамп ќе положи заклетва и ќе биде инаугуриран за 47. американски претседател. Поранешните претседатели и први дами влега во Ротондата на Капитол, пренесува Си-Ен-Ен.

Влегоа и децата на Трамп, Иванка Трамп, Доналд Трамп Џуниор, Тифани, Ерик Трамп и Барон Трамп.

Тука се и луѓето од кабинетот на Трамп, поранешниот претседателски кандидат Вивек Рамасвами и техномилијардерот Илон Маск, копретседателите на новосоздадениот Оддел за владина ефикасност, исто така се во просторијата.

- Advertisement -
Ad image

Сузи Вајлс, која ќе влезе во историјата како првата жена шеф на кабинет на претседателот, беше видена заедно со избраните на Кабинетот. Мајк Пенс, кој беше потпретседател на Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат, пристигна во Капитол.

Поранешните претседатели и први дами, вклучувајќи ги Бил Клинтон и поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон, како и Џорџ В. Буш и Лора Буш, почнаа да влегуваат во Ротонда на Капитол на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

На церемонијата е и поранешниот американски претседател Барак Обама. Поранешната прва дама Мишел Обама минатата недела објави дека не присуствува на инаугурацијата.

Во тек е предавање на Овалната соба на претседателот, велат извори за Си-Ен-Ен.

Претходно, американскиот претседател во заминување Џо Бајден и неговата сопруга Џил Бајден на црвен тепих ги пречекаа новоизбраниот претседател и новата прва дама Доналд Трамп и Меланија Трмап во Белата куќа. Традицијата е дека претседателот во заминување и новоизбраниот претседател пијат чај со првите дами, а потоа имаат приватна средба пред да се упатат кон Капитолот.

 

„На која книга Трамп ќе положи заклетва?“, е најчестото прашање денеска.

За време на неговата прва инаугурација во 2017 година, Трамп положи заклетва на истата библија што ја користел Абрахам Линколн во 1861 година. Користеше и друга библија, што му подарила неговата покојна мајка Мери Ен Меклауд Трамп.

Според медиумските извештаи, Трамп најверојатно и овојпат ќе ја користи истата комбинација: библијата на Линколн, плус библијата од неговата мајка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation