Background

Новиот систем за влез во Грција ги заглави Македонците со часови

Уште еден продолжен викенд, уште една нервоза на границата кон Грција. Илјадници македонски граѓани и вчера со часови чекаа на граничниот премин „Богородица“, каде што повторно се создадоа километарски колони поради новиот европски систем за контрола на патници.

Гужвите започнале уште во раните утрински часови, а во текот на денот колоните постојано се зголемувале. Дел од патниците сведочеле дека за излез од Македонија и влез во Грција чекале и по неколку часа, додека возилата се движеле многу бавно.

Причината за метежот е новиот европски Систем за влез/излез (EES), кој постепено се применува на границите на Европската Унија. Наместо класично удирање печати во пасошите, сега патниците од земји што не се членки на ЕУ, меѓу кои е и Македонија, поминуваат низ дополнителна електронска регистрација.

- Advertisement -
Ad image

При првиот влез во Грција, системот бара фотографирање, земање отпечатоци од прсти и дигитална проверка на податоците, што значително го забавува целиот процес на граница.

Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисоходис, изјави дека примената на системот ќе продолжи и покрај реакциите и поплаките од повеќе земји. Според него, проблемот дополнително го создава и застарената инфраструктура на граничните премини во Грција, која не може брзо да одговори на новите процедури.

Новите правила имаат цел да овозможат подобра контрола на престојот во Европската Унија, да спречат злоупотреби и да ја зајакнат безбедноста на границите, но во пракса засега носат долги чекања и нервоза кај патниците, особено за време на празници и викенди кога фреквенцијата е значително поголема.

Според информациите од терен, се очекува метежот да продолжи и во текот на целиот викенд, особено во утринските часови кога најголем број граѓани заминуваат кон грчките летувалишта.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation