Background

НОВИОТ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР ДОБИЛ ЧУДЕН ПРЕДЛОГ ЗА „КОНФЕДЕРАЦИЈА“

Новиот британски премиер Енди Барнам од пратеник добил предлог за создавање „Европска конфедерација“ што би ги поврзала единствениот пазар и одбранбените обврски, пишува британски „Индипендент“. Македонија е меѓу земјите од Западен Балкан што според планот би биле поканети да се приклучат.

Предлогот го изработил поранешниот конзервативен пратеник Ник Боулс. Пратеникот е познат по тоа што ја напуштил Конзервативната партија во 2019 година поради Брегзит.

Накратко, планот предвидува Велика Британија повторно да добие пристап до европскиот единствен пазар. За возврат, Лондон би ја проширил воената и нуклеарната заштита кон поширок круг европски партнери.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, извор од Кабинетот на Брнам предупредил дека владата редовно добива „шпекулативни идеи за политика“.

Македонија во поширокиот европски круг

Koи земјиби влегле во конфедерацијата? Според „Индипендент“, покрај Велика Британија и земјите од ЕУ,  би биле поканети Украина, Швајцарија, Норвешка и земјите од Западен Балкан.

Тоа би ги опфатило Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.

Боулс предлага Велика Британија да троши 3,5% од БДП за одбрана. Планот предвидува и проширување на британскиот нуклеарен чадор кон сојузници што не се членки на НАТО.

Во замена, Британија би добила пристап до зоната за слободна трговија без обврска да ја прифати слободата на движење или еврото.

Украина како бедем, Британија како нуклеарен штит

Во планот Украина би имала посебна улога. Таа би одржувала голема армија како главен бедем против идна руска агресија. Киев би ја споделувал и својата технологија за беспилотни летала со останатите европски партнери.

Боулс смета дека класичните билатерални преговори со ЕУ нема да бидат доволни.

– Ако се обидуваме да водиме билатерални преговори во кои се обидуваме да ја убедиме ЕУ да ни овозможи пристап до единствениот пазар за стоки, ќе пропаднеме – рече Боулс.

Тој смета дека шансата е во поширок договор што ќе решава и безбедносни проблеми.

– Ако дадеме предлог што решава други проблеми што ги имаат, како што е Украина, тогаш продажбата би можела да биде полесна – додаде Боулс.

Идејата стигнала високо, но шансите се мали

Според британските медиуми, предлогот го виделе и високи владини претставници, меѓу кои советникот за национална безбедност Џонатан Пауел.

Поранешниот лидер на лабуристите Нил Кинок го нарекол планот практичен, но предупредил дека шансите за напредок засега се мали.

Тој укажал дека Европската Унија строго го чува интегритетот на единствениот пазар и дека вакво отстапување за земја надвор од Европската економска зона би било без преседан.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation