Background

Нови стандарди за странските работници

Македонските државјани, кои се меѓу најбројните странски работници во Хрватска, ќе бидат опфатени со новиот Правилник за престој што го усвоија хрватските влаати. Овој документ воведува строги стандарди за хумано сместување, задолжителни здравствени прегледи и заштита на платите од превисоки наемнини на стан.

Според државната секретарка во хрватското МВР, Ирена Петријевчанин, во текот на 2026 година најмногу работни дозволи добиле државјаните на Босна и Херцеговина, а веднаш по нив следуваат работниците од Филипините, Непал, Србија и од Македонија. Новите правила, кои стапуваат во сила осум дена по објавувањето во Службен весник, имаат цел да го спречат искористувањето на работната сила и да обезбедат соодветни услови за живот на над 105.000 странци со важечки дозволи во Хрватска.

Строги стандарди за сместување и квадратура

Правилникот детално ги пропишува минималните услови за престој.

- Advertisement -
Ad image

Работодавците отсега се обврзани да обезбедат најмалку 14 квадратни метри простор за еден работник, додека за секое следно лице површината мора да се зголеми за дополнителни 6 квадрати. За куќите е поставен лимит од најмногу 10 работници на секои 150 квадрати, додека во становите од 56 квадратни метри можат да престојуваат најмногу 8 лица.

Работодавците мора да гарантираат дека просторот има функционални електрични и водоводни инсталации, соодветен санитарен јазол, како и целосно одвоени простории за спиење и за подготовка на храна.

Финансиска заштита и ограничување на наемнината

За да се спречи неоснованото одземање на заработката, доколку работодавецот го обезбедува сместувањето, износот за закупнина не смее да надминува 30 отсто од нето-платата на работникот.

Овој износ не смее автоматски да се запира од платата без јасна документација и оверен договор за закуп или изјава од сопственикот на недвижноста. Со новиот образец „17а“  работодавачите под кривична и материјална одговорност ја потврдуваат точноста на податоците за условите во кои престојува работникот.

Задолжителни здравствени контроли

Важен дел од новите прописи се однесува на јавното здравје.

Странските работници уште при првото поднесување барање за дозвола за престој и за работа мора да приложат доказ за извршен здравствен преглед, статус на вакцинација и извештај за општата здравствена состојба. Овие прегледи се спроведуваат во жупаниските заводи за јавно здравство или во Хрватскиот завод за јавно здравство (ХЗЈЗ), а потврдата се издава на новиот образец „18а“.

Целта на овие мерки е да се спречат епидемиолошките ризици.

Претходни неправилности

Одлуката за носење на овој правилник следува по засилените инспекциски надзори со кои беа откриени повеќе од 10.000 неправилности. Најголем дел од прекршоците се регистрирани во секторите угостителство и градежништво, каде што се наплатени милионски казни за непријавена работа и за непочитување на заштитата при работа.

Во Хрватска во моментов најголем број дозволи се издадени за секторите туризам и градежништво. Законските измени овозможуваат овие дозволи да важат 3 години, со право на работа од 9 месеци во континуитет во рамките на тој период.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation