Background

Нови сознанија за Цветан Панделевски: По Охридтурист, информации за обид за превземање на градежна компанија преку Алта Банка

Охридскај продолжува со истражувањето поврзано со активностите на Цветан Панделевски и неговото поврзување со Алта Банка. По случајот „Охрид Турист”, до редакцијата стигнаа информации за уште една операција, овој пат поврзана со една од најголемите градежни компании во земјата.

Редакција  Охридскај · Охрид

Демант кој не донесе тишина

Откако Охридскај го објави целосниот допис на Цветан Панделевски и правната анализа зошто истиот не ги исполнува условите за демант предвидени со Законот за медиуми, очекувано беше дека темата ќе продолжи да предизвикува интерес во јавноста. Панделевски се обиде да го демантира известувањето на начин кој, според правната анализа на редакцијата, повеќе наликувал на закана отколку на аргументиран одговор поткрепен со факти и докази.

- Advertisement -
Ad image

Меѓутоа, додека јавноста сè уште ја анализираше содржината на демантот, редакцијата на Охридскај, во рамки на своето понатамошно истражување, дојде до дополнителни информации кои отвораат ново поглавје во приказната за деловните активности на Панделевски.

Тврдења за обид за превземање на градежна компанија

Според информации до кои дојде редакцијата, Цветан Панделевски, паралелно со активностите околу АД Охридтурист, бил вклучен и во преговори за превземање на една од најголемите градежни компании во земјата. Името на компанијата му е познато на редакцијата, но засега не се објавува, до евентуална потврда на сите детали.

Се тврди дека договорот предвидувал градежната оператива на компанијата, без останатите недвижности во нејзин сопственост, да биде превземена од Алта Банка Србија, за износ од околу 40 милиони евра.

Според изворите на редакцијата, Панделевски одржал неколку состаноци на кои презентирал начин на кој Алта Банка би ги превземала акциите на компанијата, како и динамика на исплата.

Реакција од врвот на власта,

Истите извори тврдат дека на овие активности реагирал врвот на власта на РСМ, кој наводно го советувал сопственикот на градежната компанија да не влегува во договор со Панделевски. Доколку овие наводи се точни, тие отвораат прашање зошто и на кое ниво државните институции биле запознаени со операцијата, и зошто јавноста до сега не била информирана за обидот.

Според достапните на редакцијата информации, од оваа продажба, на крајот, не произлегло ништо.

Отворени прашања за Панделевски

Имајќи предвид дека Панделевски претходно реагираше со демант на претходните наводи на Охридскај, редакцијата смета дека јавноста заслужува конкретни одговори и на следните прашања:

  1. Дали Цветан Панделевски лично водел преговори со двата најголеми акционери во АД Охридтурист, М1 и Екстра Скопско?
  2. Дали, пред евентуалното превземање на акциите во АД Охридтурист од страна на Алта Банка и во име на Панделевски, тој барал купувачи за Хотел Славија и Хотел Десарет , притоа, според наводите до кои дојде редакцијата, Хотел Славија бил понуден за околу 10 милиони евра, а Хотел Десарет за околу 18 милиони евра?
  3. Дали структурата на наводната спогодба со Алта Банка предвидувала Хотел Палас, Летница, Ориент, ресторан Билјанини Извори и Авто камп Љубаниште да бидат понатамошен дел на крчмење на имото на Охридтурист со што Панделевски и Алта Банка би добиле профит од над 100.000.000 евра?
  4. Каков бил третманот на помалите акционери во АД Охридтурист, чии удели се движат од 3 до 5 отсто, во рамки на евентуалната операција?
  5. Дали постоела намера, преку контакти во владата на РСМ, државните 24 отсто акции во АД Охридтурист да се откупат по цена која не одговара на нивната реална вредност?

Охридскај останува отворен за факти

Како и во претходниот случај, редакцијата на Охридскај повторно нагласува дека е отворена за дијалог заснован на факти и документи. Доколку Цветан Панделевски смета дека наводите изнесени во овој текст не одговараат на вистината, поканет е да достави конкретни докази со кои ги оспорува наодите , а Охридскај ќе ги разгледа согласно новинарските стандарди.

До тогаш, прашањата остануваат отворени, а Охридскај ќе продолжи да известува за развојот на случајот.

Сашо Денесовски

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation