Background

Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Захарија, во вторникот го одржа својот прв брифинг за медиумите

Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Захарија, во вторникот го одржа својот прв брифинг за медиумите. Настапот беше невообичаено краток, траеше помалку од 15 минути, а прашања поставија само тројца новинари, и тоа исклучиво од конзервативни медиуми. Повеќе од половина од времето Захарија читаше однапред подготвена изјава, пред да одговори на прашањата на новинарите од Брајтбарт, Фокс њуз и Дејли мејл.

Захарија, чиј несигурен прв настап предизвика бројни негативни коментари на социјалните мрежи, е поранешна конзервативна коментаторка на Њузмакс и Фокс њуз. Таа кратко работела и во Министерството за внатрешна безбедност. На функцијата портпаролка на Доналд Трамп ја наследи Каролин Ливит, која се повлече од позицијата кон крајот на август, по раѓањето на своето второ дете.

– Ова изгледа како скеч со кој почнува емисијата „SNL“. Таканаречениот воведен скеч, односно „cold open“, во кој се пародира Белата куќа, оживеа во реалноста. Едвај успева да чита – гласи еден од коментарите на платформата Икс.

- Advertisement -
Ad image

Емисијата „Saturday Night Live“ (SNL) често ја пародира Белата куќа, а нејзините скечеви неретко се фокусираат на администрацијата на Доналд Трамп, составот на неговиот кабинет, прес-конференциите и драматичните архитектонски промени.

– Имав многу јавни настапи и стотици телевизиски гостувања. Понекогаш едноставно не сум најдобар. Се случува – одвреме-навреме целосно да потфрлите. Но, откако го погледнав ова, се чувствувам многу подобро во врска со себе. Ова беше спектакуларно во својата катастрофалност. Трамп сигурно полудел. Всушност, ми беше жал за жената. Таа е целосно неквалификувана и, со оглед на нејзиното минато, веројатно и целосно растроена. Но, ова навистина беше болно за гледање ако ви се важни угледот и честа на Соединетите Американски Држави. Од друга страна, ако ги сакате „SNL“ или Саут парк, ова вреди злато – коментирал друг корисник.

 

 

– Боже, Кејти Захарија е ужасна!!! „Мојот претседателе… извинете, мојот сопруг…“. Чита, нервозна е, лаже. Трамп дефинитивно нема да биде среќен кога ќе го види нејзиниот настап – гласи уште еден коментар.

– Покрај Кејти Захарија, Каролин Ливит изгледа како Винстон Черчил – коментирал друг корисник на Икс.

– Ќе биде забавно да се гледа. Ова е целосна катастрофа – напишал уште еден корисник.

Каде го полагала правосудниот испит?

Но, настапот на новата портпаролка не бил единственото нешто што предизвикало реакции во вторникот. Захарија ги изненадила новинарите кога, на прашањето во која сојузна држава го полагала правосудниот испит, одговорила дека тоа го направила откако се преселила во Кина.

Изјавата ја дала на јужниот тревник на Белата куќа, додека била со Трамп, непосредно пред двајцата да заминат за Алјаска на предизборен митинг.

– Каде го полагала правосудниот испит? Во која сојузна држава? – го прашал новинар Трамп. Тој потоа се свртел кон Захарија и ја прашал: „Во која држава?“.

– Кога се преселив во Кина – одговорила Захарија, пренесува весникот „Хил“.

Кога од претставник на Белата куќа било побарано да потврди каде Захарија го полагала правосудниот испит, тој изјавил дека по дипломирањето таа се преселила во Кина со сопругот поради неговата работа во американска компанија за приватен капитал, додека таа работела во областа на меѓународното трансакциско право.

Нејзините јавни настапи и биографски податоци и претходно покренале прашања за правничката кариера на Кејти Захарија. Било забележано дека таа во повеќе наврати се претставувала како адвокатка за време на гостувањата на Фокс њуз и во други медиуми.

Правниот факултет Карузо при Универзитетот Пепердајн ѝ го честитал именувањето, наведувајќи дека таа е нивна поранешна студентка и членка на деканскиот совет. Сепак, според весникот Хил, не е јасно дали таа некогаш го положила правосудниот испит.

Кога во вторникот попладне била замолена да ги разјасни овие прашања, таа за ЊузНејшн изјавила: „Работев во областа на меѓународното трансакциско право, со сите потребни квалификации“.

Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чеунг, не одговорил на прашањата за тоа каде Захарија го полагала правосудниот испит. Наместо тоа, во соопштение ја пофалил како „одлично и прекрасно засилување за тимот“.

Според податоците на „LinkedIn“, Кејти Захарија дипломирала право на Универзитетот Пепердајн и работела како правна соработничка во адвокатската канцеларија „Zhong Lun“ во Пекинг, од август 2011 до јуни 2013 година.

Во написот за нејзиното именување, кинескиот весник на англиски јазик „South China Morning Post“ го истакнал нејзиното искуство во Кина, наведувајќи дека работела и за непрофитна организација која им помагала на деца.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖