Во последните недели, Кина се соочува со зголемен број на случаи на респираторниот вирус, наречен ХМПВ (Human Metapneumovirus), а и во Грција беше регистриран првиот случај. Овој вирус, кој предизвикува симптоми слични на грип или на настинка, ја загрижи јавноста. Извештаите за пораст на случаи на респираторниот вирус во Кина потсетуваат на темните времиња и на почетокот на пандемијата „Ковид-19“ пред речиси 5 години, која, исто така, почна од Кина.
Но, колку всушност знаеме за овој вирус и дали постои причина за паника?
И покрај површинските сличности, оваа ситуација е многу поинаква и е многу помалку загрижувачка, велат медицинските експерти, пренесува Њујорк тајмс.
Случаите во Кина се пријавени како инфекции со хуман метапневмовирус, познат на лекарите како ХМПВ.
ХМПВ е релативно нов вирус, првпат идентификуван во 2001 година. Тој се пренесува на сличен начин како и грипниот вирус – преку воздушни капки при кашлање, при кивање или преку контакт со контаминирани површини.
ХМПВ е еден од неколкуте патогени кои циркулираат низ светот секоја година и предизвикуваат респираторни заболувања. ХМПВ е вообичаен вирус, толку чест што повеќето луѓе ќе бидат заразени додека сѐ уште се деца и може да доживеат неколку инфекции во нивниот живот.
Во земјите со месеци со студено време, ХМПВ може да биде сезонски вирус, слично како грипот, додека, пак, на места, кои се поблиску до Екваторот, е поредок во текот на целата година.
Кои се симптомите на ХМПВ?
ХМПВ е сличен на вирус кој е познат како респираторен синцицијален вирус или R.S.V. Предизвикува симптоми, слични на оние поврзани со грип, вклучувајќи кашлица, треска, назална конгестија и отежнато дишење.
Повеќето ХМПВ инфекции се благи и наликуваат на напади на обична настинка. Но, тешките случаи може да резултираат со бронхитис или пневмонија, особено кај доенчиња, постари возрасни и кај имунокомпромитирани луѓе. Пациентите, со веќе постоечки заболувања на белите дробови, како што се астма, хронична опструктивна белодробна болест или емфизем, се изложени на поголем ризик од тешки исходи, нешто што важи и за инфекциите со повеќето вируси на грип, па понекогаш и на настинка.
Во земјите со повисоки приходи, вирусот ретко е фатален; во земјите со пониски приходи, со слаби здравствени системи и со слаб медицински надзор, смртните случаи се почести.
Иако сè уште нема специфична вакцина против ХМПВ, постојат неколку мерки кои можеме да ги преземеме за да се заштитиме и да го спречиме ширењето на вирусот:
Иако зголемениот број случаи на ХМПВ во Кина предизвикува загриженост, важно е да се напомене дека овој вирус не е нов и дека постојат ефективни мерки за превенција. Повеќето луѓе ќе прележат инфекција со ХМПВ со благи симптоми, но ризичните групи треба да бидат особено внимателни и да се консултираат со лекар доколку се појават симптоми.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
