Нова надеж за ултрапопуларната социјална мрежа во САД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Мислам дека тоа ќе биде, сигурно, опција на која ќе размислуваме. Продолжувањето од 90 дена е нешто што најверојатно ќе се направи, затоа што е соодветно. Знаеш, е соодветно. Мораме да размислиме внимателно. Тоа е многу сериозна ситуација“.

Вака изјави новоизбраноит американски претседател Доналд Трамп во телефонско интервју со водителката Кристен Велкер за  Асошиејтед Прес.

Според законот што го усвои Конгресот и го потпиша претседателот Џо Бајден минатата година, кинеската матична компанија на ТикТок имаше девет месеци да ја продаде платформата во САД на одобрен купувач. Законот дозволува сегашниот претседател да додели продолжување ако продажбата е во процес.

Додека се кршaт копјата околу судбината на познатата социјална мрежа која ја користат 170 милиони Американци, Тик-ток официјално од утре е забранет во САД по одлука на Врховниот суд. Сето тоа може да се смени со стапнувањето на Трамп во Белата куќа наредниот ден.

Извршниот директор на компанијата во објава на социјалните мрежи му се обрати на Трамп и му заблагодари за „неговата посветеност да работи со нас за да најдеме решение што ќе му овозможи на Тик-ток да остане достапен во Соединетите Американски Држави“.

Share This Article