Товарен брод која пловел под сомалиско знаме потонал утрово во Црното Море, во близина на бугарскиот брег, откако екипажот испратил повик за помош. Бугарските власти веднаш испратиле 4 брода, 2 хеликоптера и воен авион кон местото на несреќата.
Повикот од бродот „Бетул 8“ бил примен во 9:15 часот во Морскиот спасувачки координативен центар во Варна. Екипажот пријавил дека бродот тоне на околу 40 наутички милји од ’ртот Калиакра.
Според бугарското Министерство за транспорт, бродот пловел од романскиот град Тулча кон Египет и превезувал пченица.
На бродот имало 12 членови на екипажот. Според информациите пренесени во првичните извештаи, сите преживеале.
Во спасувачката операција биле вклучени 4 брода од Противминската поморска група во Црното Море – два бугарски, еден романски и еден турски.
Бугарските воздухопловни сили испратиле два хеликоптера „Кугар“ и авион Су-25 за извидување и надгледување на подрачјето.
Операцијата ја координира бугарската Извршна агенција за поморска администрација.
Причината за несреќата не е утврдена, а инцидентот се случува во период на зачестени напади со поморски дронови во близина на бугарскиот и романскиот брег.
На 28 октомври, три поморски дрона го погодија контејнерскиот брод „Контшип џет“ во бугарската економска зона, на околу 21 наутичка милја југоисточно од Шабла.
Сите 18 членови на екипажот беа спасени. Бродот пловел под либериско знаме од израелското пристаниште Хаифа кон романска Констанца, а напаѓачот не беше идентификуван.
Претходно, на 13 октомври, два товарни брода беа погодени во одделни напади во близина на бугарскиот брег.
Бродот „ХС дигнити“ потона, при што беа спасени петмина морнари, додека 11 се водеа како исчезнати.
Во вториот напад беше погоден „Челси-3“, но сите 15 членови на неговиот екипаж беа спасени.
Бугарските власти тогаш соопштија дека немаат цврсти докази за потеклото на дроновите.
На 6 ноември бугарската морнарица уништи дрон пронајден на плажа кај Шабла, на северниот брег на Црното Море.
Според бугарското Министерство за одбрана, станувало збор за руски дрон „Гербер-2“, кој најверојатно паднал во морето, а потоа бил исфрлен на брегот.
Во леталото немало експлозив.
Инцидентите се случуваат во услови на продолжена војна меѓу Русија и Украина, која ја зголеми опасноста за цивилната пловидба во Црното Море.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
