Американската агенција за храна и лекови (FDA) донесе одлука 20 варијанти на никотинските ќесички ZYN да бидат вклучени во категоријата производи со модифициран ризик (Modified Risk Tobacco Product – MRTP).
Со ова, ZYN станува првиот и единствен производ од оваа категорија на кој му е дозволено да користи тврдење за намален ризик во споредба со традиционалните цигари.
FDA оцени дека достапните научни докази го поддржуваат тврдењето дека користењето на ZYN наместо пушење цигари е поврзано со помала изложеност на штетни материи и понизок ризик од заболувања поврзани со пушењето, меѓу кои рак на белите дробови, срцеви заболувања, мозочен удар, емфизем и хроничен бронхитис.
– Денешната одлука им овозможува на полнолетните корисници пристап до точни информации засновани на научни докази, вклучувајќи ги и оние што ги потврди FDA, а кои покажуваат дека преминувањето од цигари на ZYN го намалува ризикот од заболувања поврзани со пушењето – изјави Стејси Кенеди, извршна директорка на „Филип Морис Интернешнл“ за САД.
Таа додаде дека одлуката ја потврдува практиката на FDA за проценка на никотинските производи според нивото на ризик и транспарентно информирање на јавноста.
Според FDA, никотинските ќесички како ZYN овозможуваат внесување никотин преку усната празнина, без согорување на тутун и без вдишување чад.
Поради тоа, корисниците се изложени на значително пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни материи во споредба со пушењето класични цигари.
Одлуката на американскиот регулатор доаѓа по детална научна анализа на достапните податоци за производот.
FDA уште во јануари 2025 година ја одобри комерцијализацијата на никотинските ќесички ZYN, откако процени дека нивното пуштање на пазарот е во согласност со принципите за заштита на јавното здравје.
Со најновата одлука, ZYN се приклучува на одредени производи од категоријата несогорлив тутун, меѓу кои и дел од IQOS уредите и нивните патрони, за кои FDA претходно исто така дозволи користење тврдења за намален ризик.
Одлуката повторно ја отвори дебатата за различните регулаторни пристапи кон никотинските производи во светот – од една страна научната проценка на ризикот, а од друга страна политиките што се базираат на ограничувања и забрани.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
