Со мерките што ги презеде Владата успеавме кризата да ја амортизираме онолку колку што беше можно, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пред средбата со стопанственiците од Пелагонискиот Регион за тековните и идните инфраструктурни проекти.
– Тоа е еден огромен предизвик, со кој што се справуваме. Како Влада презедовме итни мерки. Македонија во моментов има најевтино гориво во целиот регион, и нема никаков застој во снабдувањето, што не е случај со другите држави. Скопскиот и охридскиот аеродром редовно функционираат, за разлика од други аеродроми. И приштинскиот аеродром исто така се снабдува преку македонските снабдувачи, што значи дека успеавме кризата да ја амортизираме онолку колку што беше можно – рече Николоски.
Тој додаде дека најголем дел од авиокомпаниите ги користат македонските аеродроми за да полнат гориво.
– Имаме зголемена потрошувачка на керозин на двата аеродроми, што е добро затоа што тоа влегува и во прометот во државата, влегуваат девизи, а дополнително и аеродромот во Приштина се снабдува преку нас.
Ние никогаш не ставивме блокада на снабдувањето, иако други држави тоа го прават. Доколку го направевме тоа, ќе требаше да се затвори аеродромот во Приштина. Со самото тоа што го правиме ова, јасно е дека состојбата е добра. Согласно закон, треба да има резерви за шеесет дена, ние имаме резерви за деведесет дена на керозин, а дополнително на дневна основа тоа се надополнува, така што снабдувањето оди редовно и затоа немаме ниту еден откажан лет од Скопскиот и Охридскиот аеродром -рече Николоски.
Тој додаде дека од нашите аеродроми има и нови дестинации.
-Во летниот период почнува да се лета за Вроцлав и за Краков, тоа е Полска. Исто така почнува да се лета и за Виена, редовна линија. Започна и линијата за Милано од Охридскиот аеродром, додека од Скопскиот аеродром имаме преку десет нови дестинации за летниот период, така што состојбата е добра – информира Николоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
