Неидентификувано летало во 2023 година изведувало „повеќекратни вртења од 90 степени“ над Егејското Море со проценета брзина од 130 километри на час, стои во нов декласифициран воен извештај на Пентагон.
Ова е само дел од 160 нови документи за НЛО кои ги објави Пентагон по налог на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Документит се достапни на страницата на американското Министерство за одбрана. Опфаќаат сведоштва од цивили, астронаути и воени лица, собрани во период од неколку децении.
Американските власти најавиле дека ќе бидат објавени и нови материјали.
Во дел од документите има претходно класифицирани транскрипти од мисиите „Аполо 11“, „Аполо 12“ и „Аполо 17“.
Астронаутите опишувале необјаснети светлосни феномени за време на патувањата кон Месечината. Споменувале силни извори на светлина, блесоци и трепкачки објекти околу леталото.
Во еден од извештаите се наведува и видео снимено во 2022 година на Блискиот Исток. На снимката се гледал овален објект кој брзо се движел од лево кон десно.
Во придружниот извештај објектот бил означен како „можна ракета“.
Документите содржат и сведоштва од цивили. Еден американски државјанин уште во 1957 година му пријавил на ФБИ дека видел голем кружен објект како се издига од земјата.
Слични пријави имало и во 2023 година.
Во други случаи се опишуваат објекти кои, според сведоците, изведувале маневри што тешко можат да се објаснат со позната технологија.
И покрај новите објави, американските власти повториле дека досега нема потврдени докази за постоење на вонземска технологија.
Пентагон со години собира и анализира пријави за необјаснети воздушни феномени, но официјалниот став останува дека ниту еден случај не потврдил присуство на вонземски летала.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
