Не српска амбасадорка, како што пренесоа дел од медиумите, туку српската водителка Јелена Димитријевиќ е жената од видеото што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Таа го бакнала холандското знаме мислејќи дека е српското, а веднаш потоа кренала три прста кон камерата.
Димитријевиќ била во Белградската арена, каде што како претставник на Србија учествувала на масовен меѓународен настан со над 12.000 гости од 90 земји.
По потсмевот и бројните критики, Димитријевиќ самата објаснила како дошло до необичната грешка.
„Добро, луѓе, признавам – другиот ден ја „бакнав“ Холандија. По 10 минути барање на нашето знаме, во возбудата видов знаме кое од далечина личеше на српското и не го проверив многу“, рече Димитријевиќ.
Таа објаснила дека српското знаме сепак го пронашла и со него подоцна излегла на сцената.
– Значи, имаше грешка во „првиот бакнеж“, но вистинската љубов сепак беше српска. Простете ми и не грижете се за моите грешки, тие секогаш се мали и од љубов – порача Димитријевиќ.
Забуната е полесно разбирлива ако двете знамиња се погледнат оддалеку. И српското и холандското се тробојки со црвена, бела и сина боја во хоризонтални полиња, но распоредот е различен: холандското оди црвено-бело-сино одозгора надолу, додека српското е црвено-сино-бело.
На државното знаме на Србија дополнителна разлика е српскиот грб поставен кон јарболот, додека холандското нема грб.
Забуната добила дополнителен пресврт бидејќи дел од српските медиуми првично објавиле дека жената на снимката е амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац. Кликс потоа објави дека станува збор за Јелена Димитријевиќ, која и самата јавно ја призна грешката.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
