Background

НАУЧНА ТРИБИНА ВО ЧЕСТ НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Градоначалникот Кирил Пецаков  се обрати на научната трибина „ Европската рута  на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Охрид и Преспа“ што претпладнево  започна во Охрид.

Пред присутните во Конгресниот центар градоначалникот Пецаков рече:

– Го изразувам задоволството да Ви се обратам  на  трибината „Кирилoметодиевското културното наследство во регионот на Охрид и Пресна“, во организација на  Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Станува збор за  значаен дел од Програмата на Генералната асамблеа организирана во Скопје на 20.5. 2025. Значењето на настанот го мериме со податокот дека тој е дел пошироката програма на Културните рути на Советот на Европа, и специјално се јавува како дел од мрежата на Европската рута на Кирил и Методиј.

Кирилометодиевското културно наследство има долга и длабока традиција уште  од средновековниот период до денес на пошироката територија на Охрид. Традицијата и писанијата на  светите Кирил и Методиј во својот изворен вид ја пренесуваат  Климент и Наум Охридски во дејствувањето на Охридскиот книжевен и духовен Центар. Она што двајцата просветители го создале и предале  станува основен дел  во културната меморија и во современите облици на живот во нашиов град.  Станува збор за подрачје каде е евидентно присуството и одржувањето на  култот на Светите Кирил и Методиј низ вековите. Она што тие го создале и пренеле како свето благо  се гледа во нивните најстари    фрескоживописи во црквата  „Св. Софија“ од 1045 г.. Археолошките и историските факти поврзани со Кирилометодиевската традиција потврдуваат богата материјална култура на теренот на Охрид, согледана во постоење на цркви и манастири, историски монументи, артефакти,   фрескоживопис и средновековното ракописно наследство, директно поврзано со светите Кирил и Методиј и со Светите Климент и Наум Охридски. На плоштадите во Охрид во центалното градско подрачје широко ќе ве пречекаат за добредојде спомениците на Светите Кирил и Методиј, на Светите Климент  и Наум Охридски. Овие податоци говорат за порзување на  рутата на нивното движење и дејствување на пошироко европско подрачје, од подрачјето на Моравија до

Би сакал  да посочам за гостопримството на охриѓани и нивниот благопријатен дух,  а во рамките на Европската рута на светите Кирил и Методиј согледувам идеален простор за сорабока и заеднички истражувања на фонот на унапредување и популаризација на Кирилометодиевското наследство особено во домен на богатата туристичка понуда на Градот Охрид- подвлече Пецаков

На настанот се  разговараше и за возобновување на членството на Охрид во културните рути на Советот на Европа и вмрежување во Европската рута „Кирил и Методиј“. Со трибината официјално започнуваат чествувањата за сесловенските просветители „Кирил и Методиј“.

- Advertisement -
Ad image

 

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation