Дронот што падна врз станбена зграда во Романија за време на напад врз соседна Украина е руски, соопшти портпаролот на НАТО, Мартин О’Донел.
НАТО ќе процени како да ја зајакне одбраната на Романија и на НАТО од закани од беспилотни летала, додаде тој.
Постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер го осуди, како што рече, неодговорниот упад. Во колумна на Икс тој вети дека Соединетите Американски Држави „ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“.
Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше инцидентот со дронот, критикувајќи ги реакциите од Европската Унија и понуди спроведување руска истрага под одредени услови.Путин тврди дека Еврропската Унија автоматски покажува со прст кон Русија по секој таков инцидент.
– Првата реакција во ЕУ на кој било дрон е да го прогласат за руски, а потоа се покажува дека не е – рече тој.
Додаде дека Москва е подготвена да ги истражи околностите на падот на дронот доколку ги добие потребните информации.
– Ако ни дадат какви било објективни податоци, ќе спроведеме објективна истрага. Како што еднаш им дадовме информации на претставниците на американската администрација и остатоци од дрон кој се обиде да погоди една од резиденциите на рускиот претседател, ние едноставно ги предадовме на анализа. Никој не може да каже од каде доаѓа одреден дрон додека не се спроведе истрага – рече Путин.
Неговата изјава доаѓа откако романските власти објавија дека дронот што погоди станбена зграда во Галац е од руско потекло и носел експлозиви. Букурешт го нарече инцидентот сериозно кршење на неговиот суверенитет и воздушен простор, додека НАТО и бројни европски претставници изразија поддршка за Романија.
Москва ја негира одговорноста.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Захарова рече дека не се презентирани докази за таквите обвинувања.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
