Напаѓачот влетал во толпа што ја славела Новата година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Десет лица загинаа, а 30 се повредени откако возило влета во поголема група луѓе во Њу Орлеанс на раскрсницата на улиците Канал и Бурбон, според официјалните информации на градската агенција за подготвеност за итни случаи, НОЛА Реди.

Полицијата во моментов го истражува инцидентот со голем број жртви. Реоните околу местото на нападот се преплавени со полицајци.

Според очевидците, напаѓачот влетал со спортски автомобил на главната улица на која во моментот многу граѓани ја славеле новата 2025 година. Наводно, носел панцир и автоматска пушка.

Тој почнал да пука кон полицијата, а полицајците возвратиле.

На едно вознемирувачко видео на мрежата Икс се гледа загинат моторџија и се слуша интензивно пукање.

Засега нема информации дека напаѓачот е лоциран или дека е уапсен.

 

Share This Article