Најстудено утрово е на Попова Шапка и во Маврови Анови -7 степени, -5 се измерени во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово, Дебар и Виница, -2 во Тетово, Битола и Прилеп, -1 во Охрид, Штип и Скопје, а над нулата е само во Гевгелија со два степена, соопшти УХМР.
На Попова Шапка има и најмногу снег 57 сантиметри, во Маврови Анови 50, а во Крушево 30.
Денеска претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно, а облачноста попладне особено во источните делови ќе се намалува. Понекаде и особено во планинските региони може краткотрајно да провејува слаб снег.
Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.