Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи,
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 14 степени. Најтопло ќе биде во Демир Капија и во Велес, со дневна температура до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 18 степени наутро, до 36 во текот на денот.
Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло.
Особено топло ќе биде од среда, кога наместа дневната температура ќе биде над 40 степени.



