Најмалку осум лица го загубија животот денеска, а 15 се повредени во пожар на пазар во северна Кина.
Властите ги истражуваат причините за пожарот во Жангџиакоу, провинцијата Хебеј, кој беше изгаснат за нешто повеќе од еден час откако избувна во 8:40 часот по локално време, објави Кинеската централна телевизија.
Медиумите пренесуваат дека се работи за пазар отворен во 2011 година, каде се продаваат различни производи, од овошје, зеленчук и морски плодови до електроника.