Туниската крајбрежна стража ги извлече телата на 27 африкански мигранти откако два брода со кои се обидуваа да го преминат Средоземното Море потонаа во близина на брегот, соопшти во четвртокот националната гарда.
Бродовите потонаа во близина на градот Сфакс, појдовна точка која често ја користат африканските мигранти.
Крајбрежната стража спасила 87 лица од тие пловни објекти, соопшти националната гарда.
Минатиот месец, туниската крајбрежна стража ги извади телата на околу 30 други мигранти во два одвоени инциденти, откако потона брод на пат кон Европа.
Тунис се бори со невидена миграциска криза, а земјата сега ја замени Либија како главна појдовна точка за Тунижаните и луѓето од другите делови на Африка во потрага по подобар живот во Европа.
Tagged as:
Најмалку 27 мигранти загинаа во бродолом на пат кон Европа
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
