Background

Најмалку 20 лица се повредени, од кои тројца потешко, во трамвајска несреќа што се случи во берлинската населба Лихтенберг

Најмалку 20 лица се повредени, од кои тројца потешко, во трамвајска несреќа што се случи во берлинската населба Лихтенберг, соопшти германската противпожарна служба.

Според првичните информации, трамвајот најверојатно удрил во јарбол на надземен далновод додека минувал низ кривина во близина на улицата Арнимштрасе. Од силината на ударот бил оштетен десниот дел од возилото, по што последниот вагон излетал од шините.

Портпарол на противпожарната служба изјави дека на местото на несреќата интервенирале бројни спасувачки екипи, а дел од повредените биле пренесени во болница.

- Advertisement -
Ad image

– Вкупно 12 лица беа транспортирани во блиските болници, додека останатите добија медицинска помош на самото место – изјави портпаролот.

Според службите за итна помош, на местото на несреќата биле ангажирани околу 60 лица, вклучувајќи пожарникари, медицински тимови и полициски службеници.

Извршниот директор на берлинскиот јавен превоз, Херник Фалк, утрово го посетил местото на несреќата и изразил сочувство кон повредените патници.

 

– Длабоко сме погодени од сцените што ги видовме овде. Нашите мисли се со повредените и со сите патници кои биле дел од овој инцидент – соопштија од транспортната компанија.

Од „Berliner Verkehrsbetriebe“ наведоа дека целосно ќе соработуваат со надлежните институции во истрагата за причините за несреќата.

Истрагата ја водат германската полиција, Управата за технички надзор и претставници на јавниот превоз, кои треба да утврдат како дошло до инцидентот.

Поради оштетувањата на инфраструктурата и потребата од отстранување на трамвајот со тешка механизација, се очекува линијата да остане затворена најмалку 48 часа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation