Background

Најголемиот музеј во светот, парискиот Лувр, денеска остана затворен за посетителите откако студенти ги блокираа неговите влезови

Најголемиот музеј во светот, парискиот Лувр, денеска остана затворен за посетителите откако студенти ги блокираа неговите влезови. Новата протестна акција доаѓа во момент кога францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез призна дека полицијата изгубила контрола во одделни големи градови. Неговата понудена оставка претходно ја одби претседателот Емануел Макрон.

Блокадата ја организирале студенти од „Екол ду Лувр“, високошколска институција поврзана со музејот. Тие изразиле поддршка за националното протестно движење на средношколците и го осудиле полициското постапување.

Управата на музејот и синдикатите потврдиле дека Лувр не можел да се отвори во предвиденото време, пренесува „Еуроњуз“.

- Advertisement -
Ad image

„Горди сме што можеме да објавиме дека го блокираме најголемиот музеј во светот“, пишувало на леток истакнат пред музејот.

Студентската акција е продолжение на протестите што започнаа минатиот месец поради лошите услови во француските средни училишта.

Незадоволството постепено се прошири и на други општествени проблеми, особено инфлацијата и високите трошоци за живот.

Протестите во саботата прераснаа во масовни немири, со грабежи, пожари и судири со полицијата во повеќе градови.

Нуњез призна дека полицијата изгубила контрола

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез денеска призна дека безбедносните сили не успеале да ја задржат контролата во одделни големи градови.

Во интервју за радиото „Франс ентер“ тој посочил дека полицијата не била доволно подготвена за размерите на насилството.

– Имаше недостиг од претходна подготовка – признал Нуњез, зборувајќи за распоредувањето на безбедносните сили во саботата.

 

 

Според министерот, полицијата се соочила со многу поголем број насилни групи отколку што било предвидено.

– Нивниот број беше недоволен во однос на масовно собраните вандали и ограбувачи на маргините на протестите – изјавил Нуњез.

Неговото признание доаѓа само еден ден откако Елисејската палата соопшти дека Макрон ја одбил понудената оставка на министерот.

Францускиот претседател побарал Нуњез да остане на функцијата за да се зачува командната структура на полицијата.

Истовремено, му наложил да предложи нови мерки за спречување на грабежите и насилството.

Макрон претходно најави и можност за забрана на одредени протестни собири доколку постои опасност од нови немири.

Над 2.300 приведени, илјадници оштетени продавници

Според најновите податоци што ги соопшти францускиот министер за правда Жералд Дарманен, за време на викендот низ Франција биле регистрирани 2.331 полициско приведување.

Околу 70% од приведените биле полнолетни лица, додека останатите биле малолетници.

Само во Париз, во неделата и во текот на ноќта кон понеделникот, биле извршени 350 апсења.

Податоците ги соопштиле министерот Нуњез и заменик-градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар.

Според градските власти, во главниот град биле ограбени околу 30 продавници.

Претседателот на Стопанската комора на Франција, Ален Ди Кресенцо, соопштил дека за време на викендот биле оштетени повеќе од 2.000 продавници низ земјата.

Материјалната штета се проценува на стотици милиони евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖