ВМРО-ДПМНЕ во мај ќе ги соопшти кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
– Сè уште не сме донеле одлука за имињата на кандидатите за градоначалници. Во тек е внатрепартиската дебата. Од страна на општинските комитети се пристигнати предлози со имиња кои треба да се најдат во анкетите, во мерењата. Во втората половина на јануари започнуваме со интензивни мерења. Очекувам во втората половина на мај на граѓаните да им ги соопштиме околу 90 проценти од имињата на кандидатите за градоначалници кои ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија – рече премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во Штип.
Локалните избори ќе се одржат во октомври.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
