На свечена церемонија, фудбалската легенда Дејвид Бекам, доби своја ѕвезда на „Патеката на славните“ во Лос Анџелес.
На настанот со него беше неговата сопруга Викторија, која го држеше за рака и гордо го бакна саканиот, а со нив беше и Том Круз, како и три од нивните четири деца.
Секако, овие големи семејни моменти не поминуваат без нивните три деца, откако Бруклин официјално се повлече и се оттуѓи од нив.
Она што привлече поголемо внимание по позирањето, се фотките кои ги објави Page Six, од Харпер Бекам пред домот на нејзиниот брат Бруклин.
Таа решила да ја искористи пригодата што е во Лос Анџелес и ненајавено да се појави на врата кај својот постар брат, но си замина разочарана неколку секунди подоцна, откако никој не ѝ отвори.
Додека многумина велат дека таа очајно се обидува да се смири со Бруклин, други го проценија ова како очаен исцениран обид на Бекамови, да испратат јавна порака, користејќи го најмалото дете.
Всушност во тој период Бруклин и Никола воопшто не биле дома, туку во Њујорк, а на Инстаграм Стори тој објавил фотка како трча.
Од тимот за односи со јавност на парот, за Page Six изјавиле: „Тоа што фотографите биле на локација додека „писмото“ беше јавно доставено кажува сè – дека ова било исценирано за на камера“.
Tagged as:
доби своја ѕвезда на „Патеката на славните“ во Лос Анџелес. На свечена церемонија фудбалската легенда Дејвид Бекам
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
