На социјалната мрежа Тикток неодамна почна да кружи видео од холивудската актерка Деми Мур направено пред седум години. Актерката беше гостинка во шоуто на Џими Фалон, каде откри како всушност се изговара нејзиното име.
Зборувајќи за пејачката Деми Ловато, актерката рече: „Јас и Деми имавме навистина добар разговор бидејќи таа е од Тексас, а јас од Ново Мексико, така што нашите семејства ги изговараат нашите имиња исто, но ние две ги изговараме различно“.
Според Мур, нејзиното име се изговара со нагорен акцент на вториот слог. За разлика од неа, името на Деми Ловато се изговара со надолен акцент на првиот слог.
Да потсетиме дека Деми Мур неодамна освои Златен глобус за прв пат во нејзината 45-годишна кариера. Таа ја освои престижната награда за најдобра женска улога во мјузикл или комедија за нејзината главна улога во филмот „Супстанција“ (The Substance), приказната за актерката која избледнува во потрага по фонтаната на младоста.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖