Background

На прв поглед, идејата дека земја како Северна Македонија може да стане релевантен играч во вселенската индустрија е амбициозна, па дури и нереална

На прв поглед, идејата дека земја како Северна Македонија може да стане релевантен играч во вселенската индустрија е амбициозна, па дури и нереална. Сепак, современите трендови во науката и технологијата покажуваат сосема спротивно.

Здружение за астрономија и вселенски истражувања АСТРА поставува јавно прашање, кое во научните кругови циркулира со години, а во пошироката јавност речиси и не се слушнало: зошто Северна Македонија, земја со еден од најретките минерали на планетата, директно поврзан со вселенските истражувања, сè уште нема национална визија за вселенската наука?

Во наоѓалиштето Алшар, сместено во југозападниот дел на Македонија, се наоѓа минералот лорандит (TlAsS₂) – еден од ретките материјали на Земјата кој го привлекол вниманието на меѓународната научна заедница поради неговата потенцијална улога во истражувањето на соларните неутрина – субатомски честички кои ни даваат директен увид во процесите во внатрешноста на Сонцето.

- Advertisement -
Ad image

Интересот за Алшар не е нов: уште во осумдесеттите и деведесеттите години, меѓународни научни тимови разговараа за можноста за реализација на LOREX-проектот (Lorandit Experiment) — научна мисија која би го искористила македонскиот лорандит за детектирање на соларни неутрина. Проектот никогаш не беше реализиран. Останува отворено прашањето зошто?

Во последниве години, сè поголем број млади македонски научници и истражувачи образувани на водечки европски и светски универзитети донесуваат одлука да се вратат во земјата. Некои од нив работат на проекти кои ги поврзуваат локалните ресурси со глобалните научни предизвици. Дали некој од нив ќе го ревитализира Алшар останува да се види.

Здружението за астрономија и вселенски истражувања АСТРА е организација посветена на промоција на астрономската наука, вселенските технологии и научното образование во Македонија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation