Македонските институции разгледуваат можност за формирање посебен центар за сајбер-безбедност во енергетскиот сектор, а за неговото воспоставување се испитуваат можностите за финансирање преку европските фондови и Реформската агенда.
За ова се разговараше на работен состанок во рамките на програмата „Фалкон“, организиран во соработка со глобалната компанија „БАЕ системс“ (BAE Systems), со поддршка од Амбасадата на САД. На состанокот присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, а беа презентирани резултатите од проценката и теренските анализи на ИТ-системите на Министерството.
Идејата е да се воспостави секторски Центар за безбедносни операции (SOC), кој би бил задолжен за следење, препознавање и навремено откривање сајбер-закани, како и за координирање на реакцијата на институциите во енергетиката.
Целта е со ваков центар да се заштити критичната енергетска инфраструктура и да се спречат евентуални дигитални напади што би можеле да го нарушат функционирањето на енергетскиот систем и испораката на услуги за граѓаните и стопанството.
– Заштитата на ИТ-инфраструктурата е клучна за нашата енергетска стабилност. Со градењето на овој секторски центар и со поддршка од нашите стратешки партнери, обезбедуваме современа заштита од дигитални закани и гарантираме непречено функционирање на енергетскиот систем – изјави министерката Божиновска.

На состанокот беа презентирани и наодите од анализата на ИТ-системите на Министерството, при што експертите на „БАЕ системс“ го оценија неговиот ИТ-тим како еден од најподготвените со кои досега соработувале. Тие ја истакнаа посветеноста на тимот на сајбер-безбедноста и примената на меѓународните стандарди.
Од Министерството посочија дека на состанокот повторно беше потврдено стратешкото партнерство со „БАЕ системс“ и заедничката заложба за зајакнување на критичната инфраструктура и енергетската безбедност на земјата.
Tagged as:
НА МАКЕДОНИЈА Ѝ ТРЕБА ЦЕНТАР ЗА САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
