На два дена до одигрувањето на финалето меѓу Шпанија и Аргентина организаторите и локалните власти имаат нов неочекуван проблем, а тоа е квалитетот на воздухот во Њујорк.
Финалето меѓу Шпанија и Аргентина се игра во недела со почеток во 21 часот на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, во американската сојузна држава Њу Џерси и се очекуваат околу 80.000 гледачи.
Големите шумски пожари во Канада и чадот од нив предизвикаа проблем на поширокото подрачје на Њујорк и Њу Џерси. Здравствените служби издадоа и предупредување да не се излегува на отворено без потреба и да се намалат физичките активности односно по потреба да се носат и маски.
Шпанската репрезентација тренираше и немаше реакции на воздухот, додека Аргентина вечерва ќе го има првиот тренинг по дуелот со Англија.
Проблемите со чадот и загадениот воздух ќе влијаат и на одржување на други спортски натпревари во тој дел на САД и на Канада.
На финалето е најавено и доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
