More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 07.02.2022

    spot_img
    На 06.02.2022 околу 14.30 часот на ул.„Јован Планински“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода К.Ч.(39) и П.С.(38), двајцата од Кавадарци. Тие биле затекнати при купопродажба на марихуана и кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана. Потоа, врз основа на судска наредба, во домовите на двајцата биле извршени претреси и, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 06.02.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола лишен е од слобода И.Ф.(22) од Битола, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

    На 07.02.2022 во 00.10 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода М.Ј.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 06.02.2022 во 16.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Б.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 06.02.2022 околу 20.00 часот на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Љ.(46) од Скопје. При преглед во возилото „ланчиа“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени предмети поврзани со кривични дела, а било утврдено дека регистарските таблички кои биле на возилото припаѓаат на друго возило во сопственост на лице од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 06.02.2022 во 13.40 часот на исклучувањето за с.Речица, кумановско, на автопатот Куманово-Табановце, во објекти на поранешна фарма, полициски службеници од Национална единица за спречување на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе пронашле 15 мигранти. Двајца од нив биле приведени поради сомнение дека се организатори, односно дека вршат криумчарење. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Останатите лица се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во прифатниот центар во Табановце.  За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 06.02.2022 во ОВР Прилеп, Г.Р.(51) од Прилеп пријавил дека на место викано „Пештерица“, прилепско, пронашол неексплодирана артилериска граната. Од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување гранатат била безбедно подигната за понатамошна постапка и било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 75мм која потекнува од Првата светска војна.

    На 06.02.2022, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода А.А.(74) од с.Маргари бидејќи бил затекнат како врши бесправен превоз на огревни дрва во патничко моторно возило. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 06.02.2022 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, превземени се 43 мерки и тоа 31 за управување со брзина поголема од пропишаната во населено место и 12 за управување со брзина поголема од пропишаната надвор од населено место.

    На 06.02.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 28 прекршоци, од кои 19 надвор од населено место и 9 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило под дејство на алкохол, по 1 за нерегистрирано возило,  за технички неисправно возило, за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон и 3 за непрописно паркирање.

    Изминатиот викенд (5/6 февруари) од 20 до 02.00 часот на подрачјето на СВР Tетово спроведена е акциска контрола на возачи дали и колку од нив управуваат под дејство на алкохол. При контролата откриени и законски санкционирани биле 6 возачи (ТЕ-4 и ГВ-2), кои управувале возила под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се  соодветни поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани се и 19 други видови сообраќајни прекршоци(ТЕ-11 и ГВ-8).

    На 06.02.2022 во периодот од 12.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат предност на минување на пешаци на пешачки премин. Притоа, биле констатирани и санкционирани 16 прекршоци, кои биле соодветно санкционирани.

    На 06.02.2022 во 22.40 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на регионалниот пат во с.Туралево, кратовско, на место викано „Блокови“, патничко моторно возило „застава југо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(51) од с.Филиповци, кратовско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица Кратово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img