Background

МВР – Извадок на дел од дневни настани, 17.03.2025

На 16.03.2025 во 19.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода О.Ј.(47) од с.Стајковци, скопско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,88 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 16.03.2025 на патот Прилеп – Битола, кај бензинска станица во с.Беровци, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола го лишиле од слобода С.Р.(19) од Битола. Тој се сомничи дека во периодот од 14.00 часот на 15.03. до 15.30 часот на 16.03.2025 одзел товарно возило „форд транзит“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Битола, а кое било паркирано пред седиштето на фирмата во Битола. Возилото било пронајдено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Денеска (17.03.2025) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.А.(34) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

- Advertisement -
Ad image

На 15.03.2025 во СВР Куманово, С.З. (77) пријавил дека во нива во село Агино село, кумановско, пронашол панцирно зрно од 40 мм, кое потекнува од Втората светска војна. Зрното било подигнато од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

На 16.03.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.Т.(39) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а при преглед кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.03.2025 во 18.10 часот во Полициската станица Центар, Д.Ј.(32) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар во Скопје била касната од куче скитник.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation