Мукаетов, Љушев и Лазаров ги споделија очекувањата пред Светското првенство

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонската ракометна репрезентација е подготвена за предизвикот што го носи настапот на СП 2025, на кој „црвено-жолтите“ ќе атакуваат на учество во главната рунда и што подобар пласман на Мундијалот што нашите ракометари ќе го играат во Вараждин.

Македонија е дел од групата Д заедно со Унгарија, Холандија и со Гвинеја, а сите присутни на денешната прес-конференција беа едногласни во желбата – да се мине првата фаза од СП 2025.

– Мило ми е што и оваа година ја почнуваме со подготовки за настап на едно големо натпреварување. Голема благодарност до Македонски Телеком што осум години соработуваме заедно, мило ми е што останува партнер на РФМ. Благодарност до нашите ракометари, до стручниот штаб и до целокупната јавност, ги повикуваме фановите да дојдат и во што поголем број да не бодрат, оваа репрезентација тоа го заслужува. Прва желба ми е да минеме најмалку 12 дена, да ја минеме онаа прва фаза. За мене лично ќе биде успех ако забележиме најмалку три победи на овој шампионат. Тоа е моја лична желба за овој мундијал – изјави Живко Мукаетов, првиот човек на Ракометната Федерација на Македонија.Првиот човек на Македонски Телеком, Никола Љушев, им посака многу среќа на нашите ракометари на претстојниот светски шампионат.

– Почестени сме со оваа прес-конференција и продолжувањето на партнерството на РФМ, веќе осум години сме верен партнер на Ракометната Федерација на Македонија. Во желба да ја мобилизираме јавноста, ја организираме оваа прес-конференција за да посакаме многу среќа успех. Сите погледи се свртени кон ракометарите и селекторот Лазаров, од срце ви посакувам добар успех и пласман во главната фаза – изјави Никола Љушев на денешната прес-конференција.

Селекторот Кирил Лазаров ги сподели своите очекувања пред Мундијалот:

– Ја израдувавме македонската јавност со пласманот на Светското првенство. Од 2012 година па до 2025 година имаме страшен континуитет што многу значи. Со 14 големи натпреварувања во низа, за тим од Балканот тоа е голем резултат и се надевам дека така ќе продолжиме. Имаме позитивни искуства од Хрватска во 2009 и 2018 година, посакувам и сега да ја имаме поддршката на навивачите, како наш осми играч. Јас сум умерен оптимист, знаејќи го менталитетот и нашиот квалитет. Се смени генерацијата, во тимот имаме млади и одлични ракометари кои сакаат да се докажат, играчи со карактер. Македонскиот ракомет е на добар пат и допрва ќе следат уште поголеми успеси. Почитуваме секого на Светското првенство, но не се плашиме. Унгарија е првиот наш ривал, јас секогаш одам со амбиција да одиме на секој меч на победа – изјави Лазаров на прес-конференцијата.

Share This Article