Постигнат е значителен напредок во напорите за прекин на конфликтот во Украина, соопшти специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, по разговорите на високо ниво во Москва и во Киев со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Виткоф на социјалната мрежа Икс соопшти дека разговорите на американската делегација во Киев се одржале во две рунди. За време на втората рунда им се придружиле советниците за национална безбедност на Велика Британија, Франција и на Германија, со цел да се координираат понатамошните заеднички активности.
Тој додаде дека е постигнат значителен напредок во преговорите за решавање на конфликтот, вклучително и договор за временска рамка за дополнителни трилатерални разговори. Сепак, тој не прецизираше кога би можеле да се одржат или кој би учествувал во нив.
Според американскиот претставник, секој напредок во процесот на преговори, без оглед на неговиот обем, ги доближува страните до прекин на конфликтот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
