Снимките покажуваат дека Михаил Николаевич Шабуњин кој уби 3 лица на стрелиште во Даниловград во Црна Гора се смеел додека пукал во своите жртви. Неколку часа подоцна, 30-годишниот Русин плачел во таксито со кое бегал кон Херцег Нови. Истражителите сè уште не знаат што го натерало да убие тројца мажи, пишува Мондо.
Новите детали дополнително ја продлабочуваат мистеријата околу неговиот мотив. Истражители од полицијата во Црна Гора и од Агенцијата за национална безбедност го проверуваат неговото минато. Во истрагата се вклучени и меѓународни партнери.
Посебно внимание привлекол начинот на кој Шабуњин ракувал со оружјето. На стрелиштето во Страхињиќи одбил револвер и побарал два пиштола „ЦЗ“. Потоа пукал истовремено со двете оружја.
Извор запознаен со снимките се сомнева дека Русинот бил професионален стрелец или минал врвна стрелачка обука. Истражителите засега немаат конечен одговор за неговото искуство со оружје.
Нови информации се појавиле и за семејството на осомничениот. Според рускиот истражувачки новинар Сергеј Јежов, татко му, Николај Станиславович Шабунин, бил поранешен судија во Перм. Претходно работел и во обвинителството, а завршил школа на руското Министерство за внатрешни работи.
Необично е и однесувањето на Шабуњин по убиствата. Во ранецот носел два пиштола и повеќе од 230 куршуми боева муниција. Сепак, за време на бегството не нападнал ниту еден граѓанин.
Таксистот што го возел од Подгорица кон Херцег Нови забележал уште еден необичен момент. Шабуњин во еден момент почнал да плаче. Возачот го прашал дали е добро, а Русинот кусо одговорил дека е.
Според реконструкцијата, Шабуњин дошол на стрелиштето непосредно пред тројното убиство. Разговарал со вработените и побарал оружје за вежбање. Откако испукал неколку куршуми кон метите, наводно ненадејно се свртел кон луѓето.
Според извор запознаен со снимките, камерите го снимиле како се смее додека пукал. Потоа се вратил кон линијата за стрелање и повторно пукал во една од жртвите. Влегол и во обезбедениот простор со муниција, од каде што зел дополнителни куршуми.
Жртвите на Шабуњин се 24-годишниот Петар Глобаревиќ, Немања Капор(20) и Момир Радоњиќ(67). Нивните тела беа пронајдени на стрелиштето во Даниловград.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
