Русија ги препознава напорите на САД за придвижување кон брз прекин на огнот во Украина, но тоа е неприфатливо за Москва и претставува закан а со сериозни последици за односите меѓу двете земји, ја пренесоа утринава руските медиуми изјавата на рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
Рбјаков денеска изјави дека може да ја препознае желбата на американската страна да се придвижи кон брз прекин на огнот.
– Но, прекинот на огнот без долгорочно решение е начин за брзо продолжување на борбите и за продолжување на конфликтот со уште посериозни последици, вклучително и последици за руско-американските односи. Ние не го сакаме тоа – рече тој.