Мнозинството Германци ја сметаат Русија за закана за безбедноста на Германија, покажа истражувањето „Дојчландтренд“ на германската јавна телевизија „А-Ер-Де“.
Вкупно 56 отсто од испитаниците сметаат дека Германија во моментов е изложена на сериозна или мошне сериозна закана од Русија. За споредба, 39 отсто оценуваат дека Русија претставува мала или никаква закана.
Граѓаните во западниот и источниот дел на земјата имаат значително различни ставови по прашањето. Додека 59 отсто од анкетираните во западните германски покраини ја гледаат Русија како голема или многу голема закана за германската безбедност, тој удел во источните покраини изнесува 42 отсто.
Во истражувањето се опфатени 1.319 лица со право на глас.
Германската Влада во вторникот ја обвини руската држава за неуспешен напад со дрон на аеродромот во Лајпциг и најави санкции. Кремљ негира каква било поврзаност со инцидентот.
Русија веќе четири и пол години е во воен конфликт со Украина. Германија од почетокот на војната ѝ обезбедува политичка и воена помош на Украина и се смета за нејзин најважен поддржувач.
Во моментов, 38 отсто од анкетираните сметаат дека испраќањето оружје од Германија за Украина е соодветно, 14 отсто сметаат дека тоа не е доволно, но дури 42 отсто од испитаниците оценуваат дека премногу воено ѝ се помага на Украина, што е најголем процент од почетокот на војната.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
