„Систем кој причинува семејни несреќи”

Зборувајќи за мотивите зад законот, Мицкоски нагласи дека комбинацијата на казина, канцеларии за брзи кредити и заложувалници на исто место претставува организиран систем кој директно штети на граѓаните и нивните семејства.

„Имаме чувство дека државата полека но сигурно наликуваше на Лас Вегас. Буквално на секој чекор гледавме дуќани во кои со силни светлечки реклами се рекламира овој тип на среќа… Тоа е некако еден систем, којшто мораме да го регулираме и претставува систем којшто е за жал причина за многу семејни и човечки несреќи.”— Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на РСМ

- Advertisement -
Ad image

Премиерот посочи дека во одредени маала постоеле по неколку казина, опкружени со реклами кои намерно привлекуваат ранливи категории на граѓани. Со новиот закон, ваквиот тип на агресивно рекламирање повеќе нема да биде дозволен.

Одговор на Асоцијацијата на игри на среќа

Асоцијацијата на оператори со игри на среќа тврди дека законот бил донесен нетранспарентно и предупредуваат на можни нелегални приредувања, како и на загуба на работни места во секторот. Мицкоски, кој денеска беше во посета на Виница, категорично ги отфрли овие тврдења.

„Не би се согласил со оваа констатација. Мислам дека законот беше донесен ултратранспаретно. Беа повикани буквално сите засегнати страни да учествуваат во неговата изработка. Нормално е дека ние не можеме да се усогласиме 100 проценти со оние што се дел од тој бизнис во моментот бидејќи тие имаат свој интерес.”— Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на РСМ

Ред и дисциплина , нова слика на македонските градови

Покрај конкретните забрани, премиерот го истакна и поширокиот цел на законот — промена на визуелниот и општествен идентитет на македонските градови. Владата е свесна за можниот фискален ефект, но смета дека општествената корист е поважна.

Мицкоски изјави дека не очекува пораст на нелегалните приредувања со игри на среќа, ниту масовна загуба на работни места. „Едноставно се става дисциплина и поинаков лик, поинаква перцепција ќе имаат македонските градови”, рече тој.

Охридскај | Оригинална изјава на премиерот Мицкоски дадена за време на посетата на Виница