Оваа Влада има, неофицијално чиста двотретинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеника ја поддржуваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето за можното напуштање на Коалицијата од страна на министерот за здравство Арбен Таравари.
– Во јавноста има многу информации, јас би се воздржал од било какви коментари, само би кажал влдадата функционира обединето, единствено. Оваа Влада има, неофицијално чиста двотретинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеника ја поддржуваат, така што за разлика од минатото кога секој ден на стаклени нозе висеше мнозинството, овој пат тоа е стабилно и треба да ја оставиме владата да работи – рече Мицкоски.
Премиерот денеска беше во посета на општина Тетово, каде што заедно со градоначалникот на општината Билал Касами и дел од владините министри извршија увид во градежни активности на проектот „Изградба на булевар Видое Смилески Бато, I фаза од Фуштанска до село Порој“.
Проектот опфаќа изградба на коловоз, разделен појас, тротоари, фекална и атмосферска канализација, водовод и електрика.
Вкупната должина на булеварот изнесува 1.783 метри, а со првата фаза се реализирани 650 метри.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖