Премиерот Христијан Мицкоски вели дека состојбата со цените на енергенсите во Европа е алармантна, дека тие секојдневно растат и веќе се трипати повисоки од овој период минатата година. Но и покрај тоа, како што нагласи, Владата прави се што е во нејзина моќ во Македонија да нема поскапувања и да останеме земја со убедливо најниски цени на дизел и безоловниот бензин горивата, на електричната енергија и парно во Европа.
Тој рече дека и покрај тоа што во Европа цената се движи и до 500 евра за мегават час, ЕСМ со одлука на владата нема да ја промени цената на струјата од 65 евра за мегават час во понудата на тендерот на ЕВН.
– Што правиме ние? Ние како Влада, односно АД ЕСМ, на јавниот повик на EVN Home, ќе достави понуда која ќе биде со иста цена како минатата, значи нема да бара зголемување на цената. Така што, што се однесува до државата ние ќе се трудиме да останеме на нула, односно да нема поскапување, но, тоа не можам да го кажам за приватните субјекти коишто учествуваат со нивна суверена политика. Јас тука не можам да интервенирам – рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања при посетата на Гази Баба.
Тој информира и дека Владата изготви бизнис модел, кој што изминативе денови го работела заедно со ЕСМ со кој ќе придонесе да нема зголемување на цената на струјата.
– Производот ќе биде по иста цена, зборувам за државната компанија АД ЕСМ, а на крајот од 2027 година ќе целиме на профит кој што би го остварила оваа компанија. Таков е овој бизнис модел кој што го креиравме и сега треба да видиме дали ќе функционира – рече Мицкоски.
Што се однесува до парното греење, како што информира, се бара многу големо поскапување, но оти ќе се борат тоа да не се случи.
– Цената на гас е трипати поголема од минатогодишната цена за истиот период. Меѓутоа тука ќе се бориме да нема алармантно зголемување на цената, односно тоа да биде во рамките на нешто што максимум, односно минимум може да се издржи. И со тоа ќе бидеме земја со убедливо најниски цени на дизел и безоловниот бензин, горивата, електричната енергија и затоплувањето во Европа – рече Мицкоски.
Приоритет на Владата, додаде, е заштита на стандардот.
– Ситуацијата е жестока, ситуацијата е алармантна и не знам до кога ова ќе може да се издржи, но, до овој момент ние со нашите механизми што ни стојат на располагање и креативни решенија успеваме да се спротивставиме на овој притисок – рече Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
