Прес конференција на СДММ – Петар Огњеновиќ
Драги сограѓани,
Во среда, на 1 јули, во 12:05 часот, овде, во хотелот, ќе се одржи настан насловен како „Разговори за иднината во 12:05“.
Ние, младите, велиме: ова не се разговори за нашата иднина. Ова е обид на Христијан Мицкоски да создаде ЗНАМ 2.0 – нов сателит кој ќе му послужи да ги раздели гласовите на опозицијата на следните избори, исто како што го направи и со ЗНАМ пред последните парламентарни избори.
Мицкоски им обезбеди се, и утре ќе собира луѓе зад затворени врати, под Chatham House Rule, за да разговараат за „иднината на Македонија“.
Прашуваме: Кои се тие луѓе кои треба да одлучуваат за нашата иднина во тајност?
Зошто е потребно сè да остане зад затворени врати ако наводно се работи за отворена дебата за иднината на сите нас?
Зошто се користи ова правило на затворени врати, кое потекнува од Велика Британија?
Зошто учесниците се кријат, а зборуваат за нашата иднина и за нашите животи?
Затоа што Мицкоски сè прави зад затворени врати. Така ги договараат своите шеми, криминални тендери и ја користат политичката моќ за лични и партиски интереси – зад затворени врати.
Ние сме иднината на Македонија. Нашите врати се отворени.
Ние сме младите кои секојдневно се соочуваме со последиците од неговото владеење.
Ние сме оние кои се иселуваат затоа што Мицкоски за само две години ја доведе државата до економски колапс и ја изолира од Европа.
Ние сме оние чии родители и баби и дедовци сега се загрозени затоа што во буџетот нема пари ниту плати, ниту за младите а ниту за пензии.
Мицкоски сака предвремени избори не затоа што му е грижа за граѓаните, туку затоа што сака да го скрие економскиот колапс и да си обезбеди уште неколку години за кражба преку нови задолжувања кои ќе ги враќаат и нашите деца и внуци.
Ние нема да дозволиме Мицкоски повторно да ги дели гласовите.
Нема да дозволиме некој зад затворени врати да крои наша иднина додека ние плаќаме цена за неговите политики.
Нема да дозволиме да се создаде уште еден вештачки проект чија единствена цел е да го одржи на власт ВМРО-ОКГ.
Единствената реална, конструктивна и принципиелна опозициска опција денес е Фронтот за вистина и правда. Вратите на Фронтот се отворени за сите што се борат за вистината, демократијата, правото и правдата.
Сите други проекти на Мицкоски знаеме како завршуваат – со измама, со поделба и со уназадување.
Ние младите нема да дозволиме организираната криминална група да победи.
Ние младите ќе победиме.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
