Background

Мицкоски оцени дека земјоделството бележи силен напредок

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека оваа Влада овозможила голем напредок во сите области на земјоделството, како зголемување на акумулациите, исплата на субвенциите, исплата на платите во јавните претпријатија, зголемување на цената на тутунот и количината на откупен тутун, како и зголемување на бројките во лозарството. Политиките на Владата, додаде тој, ќе продолжат во истата насока со цел натамошно унапредување на состојбите во овој сектор.

– Не треба да заборавиме дека акумулациите коишто се користат за наводнување на земјоделските посеви во август 2024-та беа полни 8%. Денеска се над 70%. Со домаќинско работење и со начин на којшто оваа Влада функционира, речиси деветпати, десетпати е зголемен капацитетот на акумулациите – рече Мицкоски.

Тој рече и дека во минатото не се исплаќале и платите редовно. Така вработените во водостопанство и во национални шуми немале земено 3 палати, а со субвенциите се доцнело две годишни програми.

- Advertisement -
Ad image

– Денеска состојбата е сосема поинаква, се одблокира практично кредитот од KFW Банката од 80 милиони евра за средства коишто ќе се користат за три нови проекти во делот на наводнувањето. Мислам дека со проектот Страиште веќе почнуваме да го подготвуваме и тендерот и почнуваме со негова изработка. Зборувам за проект за којшто граѓаните на Македонија седум години плаќаат камата, а ништо не се правело. Сега веќе почнуваме сето тоа да го операционализираме – рече Мицкоски.

​Тој рече и дека добри резултати се постигнати во лозарството и во тутунопроизводството.

– Од шеснаесетина милиони килограми тутун дојдовме до 26 милиони килограми. Од цени од 150-160 денари дојдовме до 420-430 денари за килограм. Кај лозарството, исто така, од шеесетина-седумдесетина милиони килограми дојдовме на 120 како што очекуваме оваа година да биде родот, 120 милиони килограми. ​Ова се егзактни параметри. И ова се бројки коишто не може никој да ги оспори. Можат само, се разбира, залутани квази-експерти во фелата да кажуваат поинакви параметри – рече Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation