Background

Мицкоски очекува производството на струја целосно да ја задоволи потрошувачката

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ – „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој официјално беше означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата.

Тој изјави дека проектот ќе овозможи модернизација на значаен дел од производствените капацитети на АД ЕСМ, особено хидроелектраните, што, како што рече, ќе придонесе за зголемување на производството на електрична енергија и на уделот на обновливите извори во производното портфолио на компанијата.

– АД ЕСМ ќе може во периодот што следува голем дел од своите производствени капацитети, особено кога зборуваме за хидроелектраните, да ги модернизира, а со самата модернизација да се зголеми практично и произведената количина електрична енергија, со што ќе го зголеми производното портфолио на АД ЕСМ во делот на обновливата енергија – рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Тој рече дека третата фаза од рехабилитацијата на хидроцентралите се разговарало уште во периодот кога бил директор на АД ЕЛЕМ истакнувајќи дека во меѓувреме немало напредок во реализацијата на проектот.

–  Добро е што денеска раководството на АД ЕСМ заедно со финансиските институции што го обезбедија финансирањето на овој проект, нешто преку грант, нешто преку, би рекол, поволен кредит, ќе овозможат зголемување на портфолиото на производството на АД ЕСМ во делот на обновливите извори на енергија, во делот на хидропотенцијалот, а со тоа ќе се обезбеди квалитетна електрична енергија. Кога зборувам квалитетна, тука мислам на енергија што може да врши секундарно и терцијално користење во рамките на системот – реле Мицкоски.

Тој очекува ваквите проекти да продолжат и истакна дека Владата се стреми кон постигнување нула нето-разлика меѓу произведената и потрошената електрична енергија.

– Одиме во насока на целта на оваа Влада да бидеме нето-нула кога ќе се направи одземање, односно разлика на произведената и потрошената електрична енергија. Веќе неколку месеци се движиме над или околу 95%, што значи полека но сигурно се ближиме кон целта, а тоа е да бидеме нето-нула на крајот од годината и јас веќе мислам дека в година дури и ќе имаме одредени вишоци – рече Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖