Коридорите 8 и 10 се стратешки за Македонија како држава од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар – Букојчани.
– Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот 10, енергетското поврзување преку далноводи, како и гасното – интензивно се гради гасоводот со Грција. Прилично се гради гасоводот со грција.Почнуваме неделава со објавување на тендерот за гасоводот со Србија, веќе се добиени сите мислења за оваа цевка, а во функција е и нафтоводот од пристаништето Солун до Скопје. Кога ова ќе биде завршено, тогаш можеме да кажеме дека сме регионален хаб – рече Мицкоски.
Тој најави дека Владата ќе продолжи да ги поддржува овие проекти и оти очекува дека многу бргу ќе може да биде пуштен преостаниот дел од автопатот Кичево со Охрид, но истовремено и гасоводот со Грција, во првата половина од следната година.
На автопатот Гостивар – Букојачни, кој е дел од пакетот патишта што ги гради „Бехтел и Енка“, се работи на 11 километри од предвидените 31.
Tagged as:
Мицкоски очекува гасоводот кон Грција да биде завршен во првата половина на следната година
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
