Министерството за внатрешни работи денеска упати важно известување до сите ученици кои планираат да аплицираат за прием во Средното полициско училиште, појаснувајќи дека не треба претходно да се отпишуваат од училиштата во кои моментално се школуваат.
Од МВР информираат дека кандидатите кои ќе се пријават на јавниот повик треба потребната документација да ја достават во оригинал или како копија заверена кај нотар.
Во соопштението се наведува дека учениците кои завршиле прва и втора година во средните училишта низ државата нема потреба да го прекинуваат своето образование додека трае постапката за аплицирање и селекција.
„Апликантите кои учеле прва и втора година во средните училишта ширум државата не треба да се отпишуваат од истите во процесот на аплицирање и селекција. Со примените кандидати, односно со нивниот родител, старател или законски застапник, Министерството за внатрешни работи ќе склучи договор за школување, со кој понатаму ќе се регулираат процедурите и обврските кон училиштата во кои досега се школувале“, соопшти МВР.
Од Министерството апелираат кандидатите внимателно да ги следат условите од јавниот повик и навреме да ја достават целосната документација.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
