Background

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најави дека оваа недела ќе се одржи состанок со добавувачите и производителите на која ќе се разговара за обезбедување пониски цени на основните прехранбени производи – дефинирана цел на минатонеделната средба со трговците

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најави дека оваа недела ќе се одржи состанок со добавувачите и производителите на која ќе се разговара за обезбедување пониски цени на основните прехранбени производи – дефинирана цел на минатонеделната средба со трговците.

Дурмиши  рече не може да каже конкретен датум кога ќе биде готов извештајот од контролите на Пазарниот инспекторат со кои треба да се утврди што влијаело на зголемувањето на цените во изминатиот период, но поради  обемот на работата претпоставува дека тоа би се случило за околу еден месец.

Притоа, рече, ќе се анализира фактура по фактура, секоја цена на 74 групи со 600 до 700 основни прехранбени производи кои се дел од потрошувачката кошничка.

- Advertisement -
Ad image

– Ќе се врши детална контрола на 600 до 700 основни прехранбени производи, од набавната цена на производителот до продажната цена на трговецот и ќе најдеме точно кои се индикаторите од кои произлегува таа цена, кај имаме поголемо зголемување и да видиме точно зошто се случува тоа – рече Дурмиши.

Анализата, додаде тој, ќе покаже каде треба да се реагира. Врз основа на деталната анализа, како што појасни, надлежните институции ќе знаат каде и како треба да реагираат доколку има поголема маржа.

– Минатиот пат кога донесовме ограничување на маржите во временските периоди кога имавме празници, трговците знаејќи точно кои производи се трошат повеќе, ја зголемуваа бруто-профитната маржа, до 20, до 30 проценти. И сега се гледа истото, бруто-профитната маржа, каде  административно може да интервенираме. И гледаме дека таму бруто-профитната маржа е од 5 до 10 проценти, не е зголемена. Тоа подразбира дека нема енормно зголемување на цените без економска оправданост. Но, пак ќе направиме детална анализа од производителот, продажната цена,  добавувачот, до дистрибутерот и до трговецот на крај. Значи, ќе направиме детална анализа, ќе гледаме каде треба да ургираме или со кој треба да се сретнеме и да ажеме ако случајно има поголема маржа од 10 или 15 проценти – рече Дурмиши.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation