Турција е еден од нашите најважни економски и трговски партнери. Трговската размена минатата година достигна една милијарда американски долари, што претставува значаен резултат, но и поттик за уште поамбициозни цели во иднина, објави на Фејсбук шефот на макеоднската дипломатија Тимчо Муцунски, кој денеска во Истанбул учествува на бизнис-форумот Северна Македонија – Турција.
Муцунски имаше обраќање на бизнис форумот, посветен на унапредување на економските врски, трговската размена и инвестициската соработка меѓу двете земји.

– Пораката што ја упатив е јасна: економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика, туку нејзино јадро. Успешната дипломатија денес значи повеќе инвестиции, повеќе извоз, нови пазари и конкретни можности за компаниите и граѓаните. Владите ја создаваат рамката, институциите ги отвораат вратите, но компаниите се тие што создаваат вредност, работни места и резултати. Затоа е неопходно дополнително да ја зајакнеме директната соработка меѓу бизнис-заедниците и да поттикнеме нови партнерства во индустријата, ИКТ-секторот, логистиката, туризмот, агробизнисот, инфраструктурата и иновациите. Посилната економска соработка не е важна само за нашите две држави. Таа значи поголема поврзаност, поголема конкурентност и повеќе можности за развој на целиот регион, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
