Македонија полека но сигурно се препознава како лидер на реформите во регионот, истакнува министерот за јавна администрација во соопштение информирајќи за средбата со свои колеги и високи претставници од регионот и од Европската Унија во Будва.
Министерската конференција во Будва, одржана во рамки на Берлинскиот процес, министерот ја заокружи со низа значајни билатерални средби, се вели во написот, со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во клучните реформски области.
„Во фокусот на разговорите беа реформите во јавната администрација, кои министерот Минчев ги потенцираше како суштински предуслов за напредокот на државата кон Европската Унија. Тој нагласи дека станува збор за процес што оди подалеку од административни прилагодувања, односно за темелна трансформација на институциите во ефикасен сервис на граѓаните.
На билатералната средба со министерот од Косово, Лулезон Јагџиу, беше отворена дискусија за конкретни решенија и практики кои веќе даваат резултати, при што министерот Минчев ја истакна важноста од регионалната соработка и заемното учење. Тој изрази задоволство што реформските процеси во Македонија се повеќе се препознаваат како позитивен пример во регионот.

Во разговорите со генералниот секретар во Министерството за јавна администрација на Република Грција, Јанис Фустанакис, беа разгледани можностите за развој и унапредување на Академијата за јавна администрација, како и за воспоставување поинтензивна соработка со нивниот Национален центар за јавна администрација.
Дополнително, на средбата со Франческо Леоне, советник на министерот за јавна администрација на Италија, фокусот беше ставен на јакнење на капацитетите на административните службеници и продлабочување на соработката преку програмите на Националната школа за јавна администрација на Италија.
Со овие активности, министерот Минчев уште еднаш ја потврди позицијата на Македонија како активен и кредибилен партнер во регионалните и европските процеси“, велат од Министерството за јавна администрација.
Tagged as:
Минчев: Македонија полека но сигурно се препознава како лидер на реформите во регионот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
