Background

Минчев ги сумираше двете години реформи во администрацијата

Јавната администрација не се менува со најави, туку со конкретни решенија, системски промени и работа на терен. По две години работа, Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги презентираше резултатите од реформскиот процес насочен кон создавање професионална, ефикасна и модерна администрација, која ќе биде поблиска до граѓаните и подобро подготвена да одговори на нивните потреби.

– Не ветувавме реформи, туку работевме на нивно спроведување. Не се водевме од краткорочни решенија, туку од потребата да поставиме стабилни темели на систем кој со години се соочуваше со одложувања и недовршени процеси – истакна министерот Минчев, посочувајќи дека еден од најзначајните резултати е усвојувањето на трите системски закони во областа на јавната администрација: Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Особено значаен сегмент од реформите е подобрувањето на статусот на административните службеници. Во партнерски дијалог со синдикатите постигнат е историски договор преку колективните договори, со кој е обезбедено континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година. „Реформата на јавната администрација не може да биде успешна без да се грижиме за луѓето кои секојдневно ја носат работата на институциите” нагласи Минчев.

- Advertisement -
Ad image

Важен чекор кон професионализација на управувањето е донесувањето на Законот за високи раководители, со кој за првпат се воспоставува единствен систем за избор и управување со највисоките раководни позиции во државната администрација. Новиот модел предвидува јавен оглас, проверка на условите, рангирање и избор на најдобрите кандидати, со што високите позиции се поврзуваат со знаење, компетентност, професионално искуство и интегритет. Законот опфаќа државни секретари, директори и заменици директори во институциите каде што е предвидено, а воведува и механизми за следење на нивната работа и одговорност за резултатите. Дополнително, со ограничувањето на В.Д. мандатите на шест месеци и намалувањето на бројот на членови во управните одбори на три члена, се создава поголема стабилност, ефикасност и рационално користење на јавните средства.

Фото: Министерство за јавна администрација

Паралелно со законските промени, воспоставена е Академијата за јавна администрација како нов систем за развој на знаењата, компетенциите и професионалниот потенцијал на административните службеници. Со модернизацијата на Центарот за обука во Аеродром, реализацијата на обуки за повеќе од 1.000 административни службеници низ државата и развојот на современ електронски систем за учење ЛМС, се поставуваат темели за администрација во која континуираното учење и усовршување ќе бидат составен дел од кариерата. „Академијата не ја гледаме само како нова институција, туку како инвестиција во луѓето и мотор на модерната администрација” истакна министерот.

Во изминатиот период беа реализирани и други значајни процеси, унапредување на Информациониот систем за управување со човечки ресурси – ИСУЧР, воспоставување механизми за следење на Стратегијата за реформа на јавната администрација, реформа на инспекцискиот систем, како и подобрување на процесите за управување со квалитетот во институциите. Министерството продолжи и со активностите во рамки на Партнерството за отворена власт, преку кое се зајакнува транспарентноста, отчетноста и учеството на граѓаните во креирањето јавни политики, а паралелно се унапреди и процесот на проценка на влијанието на регулативата (ПВР) преку поголема транспарентност, јавни консултации и подобро планирање на законските решенија.

Со сите овие активности, Министерството за јавна администрација во изминатите две години направи значајни чекори во воспоставувањето на нова рамка за функционирање на јавната администрација. Овие процеси претставуваат цврста основа за администрација која ќе се гради врз знаење, компетентност и одговорност, со крајна цел граѓаните да добијат поефикасни институции и подобри услуги.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation