Background

Милошоски вели дека сѐ мора да се истражи детално за трагедијата

Имало неколку вакви случаи досега во различни земји, на пример еден сличен случај имаше во Лондон, еден во Романија, за жал оваа трагедија се случи и во Македонија. Сметам дека овој кривично правен настан не може да се толкува само според последицата која што е настаната во тој момент на трагедијата, туку мора темелно, правнички зборувам, да се истражат и причините. Причините според мене, се во корупцијата која што го завладеала системот на давање на лиценци, одобренија и други прогледувања низ прсти на ваквите локали, кабареа и дискотеки. И затоа сметам дека ваквата темелност во истрагата која што оди и неколку години наназад е правно издржана, вели Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на централниот Дневник на телевизија Алсат М, во однос на трагедијата во Кочани.

Милишоски посочи дека она што е позитивно од целата истрага за пожарот во ноќниот клуб во Кочани е тоа што споредено со други трагедии што претходно се случувале на во Македонија или надвор од неа, а поврзани со македонски државјани, како трагедија со Беса Транс која што се случи во Бугарија, е што сега за разлика од тој случај, нема пасивност од истражните органи и дека Министерството за внатрешни работи и обвинителството многу проактивно делуваат.

– Она што според мене е позитивно од целата оваа истрага е што споредено со други трагедии кои што претходно се случувале на територијата на Македонија или надвор од територијата на Македонија, а поврзано со македонски државјани, како случајот со Беса Транс, сега нема пасивност на истражните органи, туку гледаме дека има проактивност и на министерството за внатрешни работи и на обвинителството. И сметам дека таа ажурност треба да биде поздравена. Тоа не значи дека ќе се прејудицира исходот на судската постапка, но во секој случај, дава доверба дека се постапува на еден темелен начин – рече Милошоски.

- Advertisement -
Ad image

Во однос на иницијативата на ДУИ за Анкетна комисија во Собранието, Милошоски истакна дека согласно Уставот, Анкетната комисија може да се основа и да биде вонредна, но условот е да има најмалку 20 пратеници коишто ќе дадат поддршка, а нивната иницијатива имаше само 16 потписници, додавајќи дека и во нивната коалиција не успеаја да го соберат целосниот број на пратеници што говори за капацитетот на ДУИ да привлече дополнителни пратеници за поддршка на нивни иницијативи.

Милошки беше прашан и за случувањата во коалицијата Вреди, при што истакна дека стабилноста на Владата не е загрозена, но верува дека по враќањето на премиерот Христијан Мицкоски од патувањето во странство ќе се разговара со коалиционите партнери за да се зачува компактноста на парламентарното мнозинство.

– Прво, не сме задоволни што има вакви турбуленции во коалицијата Вреди, ние би биле многу посреќни ако тие успеат да ја задржат својата политичка компактност. Бидејќи, таа политичка компактност беше еден силен адут за да ја добиеме заеднички довербата од гласачите, а таа доверба беше, ново парламентарно мнозинство да раководи со државата и да ги поправи грешките на СДС и на ДУИ, којшто добија порака дека треба да бидат во опозиција. Истовремено, не можеме на ниеден политички субјект да му сугерираме како размислува да настапи или да не настапи на локалните избори – истакна Милошоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation