Background

Милошоски вели дека идните чекори во надворешната политика не смеат да бидат брзоплети

Идните чекори во надворешната политика мора да бидат преземани внимателно и со јасни гаранции со цел реален напредок кон ЕУ – истакна Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, на вчерашното гостување во дебатната емисија „Анализа” на телевизија 24.

– Токму последиците од Преспанскиот договор и добиеното вето од страна на Франција, а потоа и од Бугарија, коешто не беше најавувано од СДСМ, напротив имавме кампања за бесплатно здравство, отворени врати кон ЕУ, бесплатни вакцини, стипенди итн., на крајот, после тој референдум на којшто дојдоа и германската канцеларка Меркел, австрискиот канцелар, британската канцеларка, тогаш Велика Британија беше членка на ЕУ – наместо отворање на преговори добивме вето – рече Милошоски.

Пратеникот Милошоски дискутираше за евроинтегративниот процес на државата и посочи дека идните чекори во надворешната политика мора да бидат преземани внимателно и со јасни гаранции, со цел реален напредок кон ЕУ.

- Advertisement -
Ad image

– Поучени од ова разочарување и од ова брзоплето прифаќање на такви обврски и потоа нестигнување до целта и до доаѓање до едно разочарување во целото општество, сметаме дека не треба да се продолжи на истиот брзоплет начин по однос на преземените обврски од страна на Ковачевски и Бујар Османи кон соседна Бугарија – рече Милошоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation