Милијардерот е виден на јахта со 50 години помладиот бивш сопруг
Милијардерот Дејвид Гефен (83) и неговиот поранешен сопруг Дејвид Армстронг (33), познат и како Донован Мајклс, ја изненадија јавноста појавувајќи се заедно во Шпанија овие денови, само два месеци откако наводно постигнаа спогодба за нивниот бурен развод.
Гефен чие богатство се проценува на 8,7 милијарди долари, е виден како разговара со Армстронг на неговата луксузна јахта Rising Sun, вредна околу 400 милиони долари, закотвена на Мајорка.
Нивниот брак од 2023 година привлече големо внимание бидејќи се венчаа без предбрачен договор. По помалку од две години брак, Гефен поднесе барање за развод во мај 2025 година, наведувајќи „непомирливи разлики“.
Армстронг во својата тужба тврдеше дека Гефен го избркал од нивниот дом во Њујорк и му ја прекинал финансиската поддршка, оставајќи го без средства за живот. Тој исто така тврдеше дека милијардерот се обидел да му го ограничи пристапот до привремената и трајната алиментација.
Гефен, од друга страна, одговори преку својот адвокат дека му платил на својот поранешен сопруг повеќе од 500.000 долари од разделбата, му обезбедил бесплатно сместување во стан вреден 15.000 долари месечно и му платил дополнителни 50.000 долари за адвокатски трошоци.
Во судските документи, Гефен навел:
– Иако продолжив финансиски да го поддржувам Донован и направив сè што можев за да постигнам сеопфатна спогодба во овој случај, Донован и неговиот правен тим не се вклучија во постапката со добра намера.
Неговите адвокати исто така рекоа дека тој платил речиси 200.000 долари за Армстронг да остане во приватен луксузен центар за одвикнување од зависности и му плаќал 25.000 долари месечно.
Армстронг привремено ја повлече тужбата минатата година, иако може повторно да ја активира во иднина.
Гефен и Армстронг се запознале пред речиси една деценија и се венчале во тајност во 2023 година во Беверли Хилс. Нивната врска не била првата врска на Гефен со голема разлика во годините; тој бил поврзуван со неколку многу помлади партнери низ годините.
Инаку, Гефен е едно од највлијателните имиња во американската музичка и филмска индустрија. Тој е основач на дискографските куќи Asylum Records и Geffen Records, кои соработувале со ѕвезди како Боб Дилан, Елтон Џон, Шер, „Ганс ен роузис“ и „Нирвана“, а во 1990-тите го ко-основал филмското студио „Дримворкс“ заедно со Стивен Спилберг и Џефри Каценберг.